КРАЈ НА ВОЈНАТА? Денеска ќе биде потпишан договор со Иран, најави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да се сретне со највисоките ирански претставници, доколку се постигне напредок во разговорите.

839

Денеска во Пакистан ќе биде потпишан договор со Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за Фокс њус.

Трамп претходно во интервју за „Њујорк пост“ наведе дека американска делегација предводена од потпретседателот Џеј Ди Венс е на пат кон Исламабад, Пакистан, заедно со Стив Виткоф, Џаред Кушнер и американскиот преговарачки тим, каде што треба да пристигнат за неколку часа.

Тој посочи и дека е подготвен да се сретне со највисоките ирански претставници доколку се постигне напредок во разговорите.

– Треба да се води дијалог со Иран, претпоставувам дека во оваа фаза никој не игра игри – истакна Трамп.

Клучно барање е Иран да се откаже од поседување нуклеарно оружје, додаде тој.

Висок ирански функционер изјави дека Иран ја преиспитува својата одлука да се повлече од предложената втора рунда директни мировни преговори со САД. Тој ги пофали позитивните напори на Пакистан да се обиде да ја прекине американската поморска блокада на бродовите што влегуваат и излегуваат од иранските пристаништа, објави Ројтерс.

Тоа би му овозможило на Иран да учествува во следната рунда преговори.

– Техеран сега позитивно размислува за учество во мировни преговори. Конечна одлука сè уште не е донесена – рече функционерот. Сепак, тој додаде дека.

Иран претходно го отфрли предлогот на САД за втора рунда директни мировни преговори пред истекот на прекинот на огнот.

Началникот на пакистанската армија, Асим Мунир, клучен посредник меѓу двете земји, претходно му кажа на Доналд Трамп дека поморската блокада на САД е главната пречка за разговорите.

Американските сили ја воведоа блокадата минатата недела, а синоќа запленија брод под иранско знаме.

Поврзани содржини