81-ГОДИШЕН ПАЛАНЧАНЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Полицијата го уапси

При сообраќајна контрола кај наплатна станица „Сопот“ на автопатот Скопје-Велес било сопрено патничко возило „хјундаи“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал 81 годишниот, М.А. при што било констатирано дека се движел во спротивен правец на автопатот, соопшти велешката полиција.

412

Осумдесет и едно годишниот М.А од Крива Паланка вчера попладне возел во спротивен правец на автопатот Скопје-Велес. Бил запрен од полиција.

М.А. во 17.30 на наплатната станица „Сопот“ во близина на Велес го запреле полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„При сообраќајна контрола кај наплатна станица „Сопот“ на автопатот Скопје-Велес било сопрено патничко возило „хјундаи“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал 81 годишниот М.А. при што било констатирано дека се движел во спротивен правец на автопатот. По насоки од јавен обвинител тој е приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти велешката полиција.

Поврзани содржини