„ОРАКЛ“ ОТПУШТИ ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ Тие се шокирани од отпремнината

Компанијата соопшти дека овие отпуштања се дел од стратегијата за пренасочување на финансиските ресурси кон развој на вештачка интелигенција.

289

Оракл една од водечките светски технолошки компании, специјализирана за софтвер за бази на податоци, облак инфраструктура (OCI) и Enterprise апликации кон крајот на март и почетокот на април отпушти десетици илјади луѓе низ целиот свет, претежно во одделенијата за здравство, продажба, cloud услуги, поддршка на корисници и NetSuite.

Компанијата соопшти дека овие отпуштања се дел од стратегијата за пренасочување на финансиските ресурси кон развој на вештачка интелигенција.

Но, она што особено ги шокираше работниците се  отпремнините и отказите добиени преку е-пошта.

Oracle според некои медиуми  нуди отпремнина во износ од четири недели основна плата и дополнителна недела за секоја година работен стаж, но до максимум 26 недели, што се оценува како многу ниско во однос на она што го даваат другите ИТ компании.

Компанијата Блок отпушти повеќе од 40% од вработените, но им обезбеди отпремнина еднаква на 20 недели плата, со дополнителна недела за секоја година работен стаж, шест месеци здравствено осигурување, бонус од 5.000 долари и можност за чување на службена опрема.

Минатата година, Мета им понуди на отпуштените вработени пакет за отпремнина од 16 недели плата и дополнителни две недели за секоја година работен стаж, а Амазон објави дека ќе им обезбеди на отпуштените работници целосна плата и бенефиции за 90 дена и дополнителен пакет за отпремнина.

Поврзани содржини