ЛАЖНИ СЕ ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ ВО ТРГОВСКИТЕ ЦЕНТРИ Полицијатa ги прoверила објектите на „Ист гејт“ и на „Дајмонд“

Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектите, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави за бомби.

130

Лажни се дојавите за поставени бомби во два трговски центра во Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи.

Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи.

Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектите, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави за бомби.

Поврзани содржини