МИЦКОСКИ НЕГИРА ДЕКА ВЛАСТА АНГАЖИРАЛА КОМПАНИЈА ДА ЈА СЛЕДИ ОПОЗИЦИЈАТА Нема намера да се занимава со естрадни политики

202

Што се однесува до некакви си компании што треба да го следат раководството на СДСМ, мислам дека таков тип на однесување и потреба од наша страна апсолутно не постои, ниту пак тоа е дел од мојот карактер, ниту пак имам некаква намера да се занимавам со такви естрадни политики, одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање откако вчера опозицијата обвини дека власта ангажирала приватна разузнавачка агенција да ја следи.

– Јас сум фокусиран на развојот на државата и подобри услови за живот на граѓаните имајќи ги предив тешките времиња во кои живееме. А политичките партии кои живеат во својот сопствен свет на лагите ги оставам да останат таму и за жал од ден на ден сѐ повеќе се маргинализираат и ги разочаруваат граѓаните – додаде Мицкоски.

Поврзани содржини