🎥 ДАРИО ИВАНОВСКИ ГО ОСВОИ ВТОРОТО МЕСТО НА МАРАТОНОТ ВО БЕЛГРАД Ја заврши трката за 2 часа 9 минути и 35 секунди

Најдобриот македонски маратонец ја истрча патеката со време од 2:09:35 часа, заостанувајќи 25 секунди зад победникот Гада Гемсиса Гудета.

425

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски оствари одличен резултат на маратонот во Белград, каде утрово го освои второто место.

Ивановски трката ја заврши со време од 2:09:35, заостанувајќи 25 секунди зад победникот Гада Гемсиса Гудета. Гада од Етиопија победи со време од 2:09:11, додека трет заврши Кениецот Јохан Ерота (2:09:55).

Остварувањето на Ивановски беше за помалку од една секунда поспоро од националниот рекорд што го постави во февруари 2024 година, кога ја истрча маратонската патека во време од 2:08:26.

Вториот македонски натпреварувач Мартин Трајановски го освои 20 место на маратонот во Белград со време од 2:45:44.

На женската маратонска трка победи Ден Алему Дади од Етиопија со време од 2:30:22 часа.

На 39. Белградски маратон настапија повеќе од 2.000 маратонци од над 70 земји.

Поврзани содржини