🎥 ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО КИЕВ, 5 МРТВИ, 10 РАНЕТИ Полицијата го уби напаѓачот, кој пукал врз луѓе на улица

Министерството за внатрешни работи соопшти дека напаѓачот отворил оган врз цивили, а подоцна се забарикадирал во продавница, каде земал заложници.

409

Вооружан инцидент и заложничка драма се случија денеска во киевскиот регион Холосиевска, во кој загинаа пет лица, а 10 беа повредени. Четворица заложници се успешно ослободени од полициските сили, а напаѓачот е убиен.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека напаѓачот отворил оган врз цивили, а подоцна се забарикадирал во продавница, каде земал заложници. И покрај обидите на полицијата за мирно решавање на ситуацијата, тој продолжил со пукање во продавницата.

Обвинителството информира дека дел од жртвите се пронајдени на улица, а едно лице во внатрешноста на објектот.

Властите најавуваат дека сите околности околу нападот се предмет на истрага, а дополнителни информации ќе бидат објавени по нејзиното завршување.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека меѓу ранетите во округот Холосивски има едно дете.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека 5 лица се убиени, а десетина се ранети.

„Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко штотуку објави дека напаѓачот во Киев, кој отвори оган врз луѓе, е елиминиран. Сите околности се разјаснуваат. Во моментов е познато дека 5 лица се убиени. Им изразувам сочувство на нивните семејства и најблиските“, објави Зеленски.

Истражители од Националната полиција и Службата за безбедност на Украина, работат на истрагата, додаде Зеленски.

Министерот Клименко објави дека напаѓачот е елиминиран откако специјалните сили упаднале во продавницата каде што се засолнил. Тој држел заложници и пукал во полицајците кои се обиделе да го приведат. Пред тоа, имало обид за воспоставување контакт со него.

 

Поврзани содржини