ИРАНЦИТЕ МАЛКУ СЕ ЗАИГРАА, АМА ВО ТЕК СЕ МНОГУ ДОБРИ РАЗГОВОРИ Иран не може да ги уценува САД
Техеран сè уште не се согласил да се одржи втората рунда преговори со Вашингтон, кој постави прекумерни барања, рче неименуван ирански извор.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Ираните малку се заиграле, осврнувајќи се на најновите случувања во војната со Иран, откако Техеран утрово ја повлече својата одлука за повторно отворање на Ормускиот Теснец.
Тој го намали значењето на овој ирански потег, велејќи дека „се во тек многу добри, добри разговори“.
– Ситуацијата се развива многу добро.Тие сакаат повторно да го затворат теснецот, одиграа мала игра, како што правеа 47 години. Не можат да нè уценуваат. Ќе имаме некои информации до крајот на денот. Разговараме со нив, заземаме цврст став – рече Трамп.
Тој повтори дека САД во голема мера ја уништиле морнарицата, воздухопловните сили и раководството на Иран.
Претседателот зборуваше во Белата куќа, откако потпиша извршна наредба со која се ублажуваат ограничувањата за терапија со психоделични лекови, заедно со популарниот стример Џо Роган, кој е застапник на оваа мерка.
Неименуван ирански извор денеска соопшти дека Техеран сè уште не се согласил да се одржи втората рунда преговори со Вашингтон.
Тој изјави за новинската агенција Тасним дека Иран верува дека САД поставиле прекумерни барања за време на размената на пораки. Техеран го постави откажувањето од тие барања како еден од условите за продолжување на преговорите.
– Ѝ кажавме на американската страна преку пакистански посредник дека не се согласуваме на втора рунда – рече изворот.
Техеран, додаде, јасно стави до знаење дека не сака да губи време на долготрајни преговори без конкретни резултати.
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Саид Хатибзаде денеска на Дипломатскиот форум Анталија рече дека Доналд Трамп зборува премногу, одговарајќи на прашањето за неодамнешните изјави на американскиот претседател во кои се сугерира дека САД „повторно ќе почнат да фрлаат бомби“ ако не се постигне договор со Иран до среда.
– Тој кажа контрадикторни работи во истата изјава. Не знам точно што мислеше “, рече иранскиот функционер.
Хатибзаде додаде дека Иран верува дека војната не може да доведе до позитивен исход.
– Но, Иран е подготвен да се брани доколку биде нападнат. Ќе се бориме до последниот ирански војник – рече тој.