ГРЕЕЊЕ САМО ПОД 12 СТЕПЕНИ Заврши грејната сезона, но радијаторите не се гасат целосно

Од 15 до 30 април греење ќе има само ако прогнозираната температура падне на 12 степени или пониско.

70

Грејната сезона завршува денес, а од утре започнува преодниот период кој ќе трае до крајот на месецот, информираше Регулаторна комисија за енергетика.

Од РКЕ соопштија дека преодниот период ќе трае до 30 април и дека во тој временски интервал греење ќе има само доколку временските услови го наложуваат тоа.

Според Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или пониска од 12 степени Целзиусови, снабдувачот ќе мора да обезбеди греење.

Податоците за температурите ќе се земаат од Управа за хидрометеоролошки работи, а во случај да бидат исполнети условите, во грејните простории треба да се обезбеди температура од 20±1 степен Целзиусов.

Во преодниот период, греењето ќе се обезбедува во интервал од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот.

Поврзани содржини