СО КИНА СПРЕЧУВАМЕ ПЛАНЕТАРЕН КОЛАПС, ВЕЛИ ЗАХАРОВА „Две сили, две цивилизации здружуваат сили“

Портпаролката на руското МНР Захарова тврди дека Москва и Пекинг ги здружуваат силите за да спречат „колапс на планетата“ и да ја стабилизираат глобалната сцена додека трае војната во Иран.

235

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија и Кина претставуваат стабилизирачки фактор на меѓународната сцена и ги здружуваат своите ресурси за да спречат, како што рече, „колапс на планетата“.

Таа нагласи дека заедничка цел на двете земји, како големи држави, нуклеарни сили и постојани членки на Совет за безбедност на ООН, да придонесат кон глобална стабилност.

– Русија и Кина се стабилизирачки фактор на меѓународната сцена. Две земји, две цивилизации, две нуклеарни сили, постојани членки на Советот за безбедност на ОН… навистина ги здружуваат своите потенцијали и ресурси за да обезбедат стабилност и да спречат колапс на планетата – изјави Захарова.

Таа додаде дека Москва и Пекинг не се насочени кон поделба на региони, туку кон стабилизирање на меѓународните односи и намалување на тензиите.

Изјавата доаѓа за време на посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Кина, каде што се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Лавров изјави дека Русија може да го надомести секој недостиг на кинеска нафта што произлегува од војната со Иран.

Русија исто така му се понуди на Иран за складирање на збогатениот ураниум по

Поврзани содржини