НЕ НИ ГО РАЗБИРААТ АИ ХУМОРОТ Ди Венс ја коментираше сликата на Трамп како Исус
Џеј Ди Венс ја бранеше објавата на Трамп со вештачка интелигенција, оценувајќи дека станува збор за шега што предизвика реакции и не беше разбрана од дел од јавноста. Контроверзијата се појави во време на засилени тензии со Ватикан. Венс посочи дека постојат разлики со Ватикан по одредени прашања.
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека контроверзната објава на Доналд Трамп, во која Трамп беше прикажан како Исус Христос, била шега која дел од јавноста не ја разбрала.
– Мислам дека претседателот објави шега и ја отстрани затоа што сфати дека многу луѓе не го разбраа неговиот хумор – рече Венс во интервју за Фокс њуз.
Тој додаде дека Трамп сака директна комуникација со јавноста преку социјалните мрежи.
– Тоа е една од добрите работи кај овој претседател, нема „влакна на јазикот“ и им зборува директно на луѓето – истакна Венс.
Трамп ја избришал објавата од платформата „Truth Social“, која содржела слика генерирана со вештачка интелигенција.
Контроверзијата се појави во време на засилени тензии со Ватикан. Венс посочи дека постојат разлики со Ватикан по одредени прашања.
– Најдобро би било Ватикан да се држи до прашањето за моралот, а претседателот да ја води американската политика – рече тој.
Трамп претходно ја бранеше објавата, тврдејќи дека нејзиното толкување е погрешно.
Американскиот лидер го нападна папата Лав XIV за време на викендот, кој се појави како силен морален критичар на американско-израелската војна во Иран, осудувајќи ја како бесмислена и повикувајќи на мир.
Ова ги извади на виделина месеците тлеечки тензии меѓу Белата куќа и Ватикан, пишува Политико.
Премиерката на Италија Џорџа Мелони изјави дека ги смета изјавите на Трамп за Светиот Отец за неприфатливи и дека на Папата е да повикува на мир.