СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени
Сончево и потопло време утре со температури до 20 степени, а од понеделник се очекува засилен ветер и променлива облачност.
Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 2 степени во Маврово до 8 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе бидат од 14 степени во Берово до 20 степени во Гевгелија.
Во Скопје ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, а температурата ќе се движи од 5 до 20 степени.
Во понеделник времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Минималните температури ќе бидат од 4 до 10 степени, а максималните од 14 до 22 степени.
Според прогнозата на УХМР, во вторник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Минималните температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а максималните од 15 до 23 степени.