📽️ 📷 СПЕКТАКУЛАРНО ВРАЌАЊЕ ОД ВСЕЛЕНАТА Како беа извлечени астронаутите од капсулата

Астронаутите од мисијата „Артемис II“ беа извлечени од капсулата по слетувањето во Тихиот Океан, префрлени на воен брод и транспортирани на копно, каде започна нивното закрепнување по престојот во вселената.

1,567

„Какво патување“, беа првите зборови што се слушнаа од екипажот на мисијата Артемис II по слетувањето на капсулата Орион во Тихиот Океан, недалеку од Сан Диего. Астронаутите потврдија дека се во добра состојба, јавувајќи: „Стабилни сме, четири зелени членови на екипажот“.

Капсулата влезе во Земјината атмосфера со брзина поголема од 38.000 километри на час, а топлинскиот штит беше изложен на екстремни температури. Поради плазмениот облак, контактот со контролата во Хјустон бил прекинат околу шест минути, по што командантот Рид Вајзман се јавил: „Хјустон, ова е Интегритет. Ве слушаме гласно и јасно“.

 






Набргу потоа се отворија главните падобрани и капсулата прецизно се спушти во океанот. Од Контролата на мисијата слетувањето беше оценето како „совршено прецизно“.

По слетувањето, спасувачките тимови пристапија кон капсулата, ја стабилизираа и започнаа со вадење на астронаутите еден по еден. Тие внимателно беа извлечени и поставени на носилки, што е стандардна процедура по престој во вселената, бидејќи организмот е ослабен поради долготрајната микрогравитација.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jaranor Films (@jaranor.films)

Екипажот потоа беше префрлен на воен брод за спасување, каде што медицински тимови извршија првични прегледи. На снимките се гледа како астронаутите се смеат и разговараат со членовите на тимот додека закрепнуваат од деветдневната мисија.

 

Од бродот тие беа транспортирани до копно, по што следува нивно префрлање во Хјустон за дополнителни медицински тестирања и повторно прилагодување на гравитацијата. Таму ќе се сретнат со своите семејства.

 

Експертите објаснуваат дека по престој во вселената астронаутите често чувствуваат вртоглавица, слабост и проблеми со рамнотежата. Поради тоа, во првите часови тие имаат ограничено движење и се под постојан медицински надзор. Видео-снимките покажаа дека членовите на екипажот имале потешкотии при одење веднаш по враќањето.

 

Мисијата траеше нешто повеќе од девет дена и ја отвори следната фаза од програмата „Артемис“, која има цел повторно да испрати луѓе на Месечината и да постави основа за долгорочно човечко присуство таму.

📽️ АСТРОНАУТИТЕ ОД „АРТЕМИС II“ БЕЗБЕДНО СЛЕТАА Екипажот постави рекорд и ја заврши мисијата

Поврзани содржини