📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и сплотеност за Велигден
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова истакна дека вапцањето велигденски јајца е симбол на надеж, живот и семејна сплотеност.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со велигденска порака повика на мир, надеж и семејна сплотеност, нагласувајќи ја симболиката на традиционалното вапцање јајца во пресрет на празникот Велигден.
Во објава на социјалните мрежи, претседателката истакна дека велигденските обичаи носат порака за обновување и духовна подготовка.
„Во тишината на овој ден, боите што ги впиваме во велигденските јајца се израз на животот што победува и на надежта што се обновува“, напиша Сиљановска-Давкова.
Таа додаде дека чинот на вапцање јајца има посебно значење за семејството и заедништвото.
„Чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност и духовна подготовка за најголемиот христијански празник. Со достоинство, смирение и љубов, го очекуваме Христовото воскресение!“, порача претседателката.