3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата за едно деноноќие

Во последното деноноќие во неколку градови низ државата се пријавени шест случаи на семејно насилство, при што три лица се лишени од слобода, информира полицијата.

108

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово, Струга, Велес и Скопје, соопшти полицијата.

Во Штип, на 11 април околу 02:35 часот, полицијата привела 55-годишен маж од градот, по пријава дека претходната вечер физички ја нападнал својата сопруга. Според пријавата, тој подолг период вршел и физичко и психичко насилство врз сопругата и малолетните деца.






Во Куманово, полицијата привела 43-годишен маж откако, според пријава, агресивно се однесувал и ја нападнал својата мајка во семејниот дом.

Во истиот град, 28-годишна жена пријавила дека била нападната од нејзиниот поранешен партнер по претходна расправија.

Во Струга, 37-годишна жена од Албанија со престој во регионот пријавила дека нејзиниот сопруг, со кого е во бракоразводна постапка, ја следи и ѝ упатува закани.

Во Велес, полицијата привела 40-годишник од велешко село, кој според пријавата ја нападнал својата партнерка во дом на пријател, а потоа и на улица. При проверка било утврдено дека бил под дејство на алкохол, со 1,21 промили во крвта. Лицето било задржано во полициска станица, а за случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Велес.

Во Скопје, 40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот партнер во викенд куќа во скопско, по претходно недоразбирање.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што ќе следуваат соодветни пријави против сторителите.

Поврзани содржини