НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО ВМРО-ДПМНЕ Мета му се заблагодари на Николоски за ставот околу неговото апсење
ВМРО-ДПМНЕ ја познава како никој друг „специјалната“ правда на Сорос на чело со Катица Јанева, која заврши во затвор за корупција. Ниту една партија не била политички прогонувана од соросоидната правда како ВМРО. Но, тие покажаа карактер и интегритет и еве ги денес, рече поранешниот албанси претседател Илир Мета, кој му се заблагодари на вицепремиерот Александар Николоски.
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, кој е во затворски притвор, во интервју искажа голема благодарност до македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николовски за ставот околу неговото насилно апсење и политичките обвинувања против него.
– Искрено му се заблагодарувам на вицепремиерот на Северна Македонија, г-дин Николоски, за неговата солидарност. Да не заборавиме дека ВМРО-ДПМНЕ ја познава како никој друг „специјалната“ правда на Сорос на чело со Катица Јанева, која заврши во затвор за корупција. Ниту една партија не била политички прогонувана од соросоидната правда како ВМРО. Но, тие покажаа карактер и интегритет и еве ги денес – вели Мета.
Тие многу добро го разбираат мојот случај, бидејќи знаат како функционира соросоидната правда, додаде тој.
– Во оваа прилика ѝ посакувам Македонија да чекори по патот на стабилност и развој, но и на меѓуетничка хармонија, почитувајќи го Охридскиот договор, за кој работевме толку напорно во времето кога јас имав одговорност да бидам премиер на Албанија – порача Мета.
Тој се заблагодари и на македонската влада.
– Сакам да ѝ се заблагодарам на Владата на Македонија што ги држи своите премини отворени за нашите граѓани од Корча и Поградец до Пешкопеја, за да купуваат поевтино гориво, поевтина храна и поевтини лекови – вели Мета.
Според него, ова не е долгорочно решение.
– Но, засега е од голема помош за стотици илјади Албанци кои се напуштени од Владата на Албанија. Решението за подобро иднина на Албанија е во прогрмата на Партијата за слобода: пет приоритети за четити милиони Албанци – рече поранешниот албански претседател.
Мета (57) кој беше шеф на албанската држава во периодот од јули 2017 до јули 2022 година, беше уапсен на 21 октомври 2024 година, од кога е во притвор. Тој е обвинет за корупција, перење пари и прикривање на имот, што категорично ги отфрла и ги смета за политички. Првото рочиште од судскиот процес е закажано за 27 април.
Министерот Александар Николоски неодамна го нарече Илир Мета жртва на криминално и политички мотивирано дејствување.