УАПСЕНА ТИНЕЈЏЕРКА ЗА НАПАД ВРЗ ЖЕНА Викнала другарки и заедно ја тепале, едната употребила и тврд предмет

Синоќа околу 21 часот на подрачјето на Карпош, по претходно договорена средба, Е.Ј.(18) физички ја нападнала И.И.(20) од Скопје.

433

Полицијата вчера во 22.40 часот во Скопј ја уапсија 18-годишната скопјанка Е.Ј. поради тепачка.

„Според пријавеното, околу 21 часот на подрачјето на Карпош, по претходно договорена средба, Е.Ј. физички ја нападнала И.И.(20) од Скопје. Потоа повикала неколку нејзини пријателки, кои исто така физички ја нападнале И.И., при што едната од нив употребила тврд предмет“, соопшти полицијата.






Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини