📽️ ПЛАМЕН НА СТАДИОН ВО РИО Гореше покривот на олимпискиот велодром

Пожарот го зафати покривот на велодромот во Олимпискиот парк во Рио. Брзата реакција спречи поголема штета и нема повредени.

260

Пламен го зафати покривот на велодромот во Рио де Жанеиро. Во Олимпискиот парк се одвиваше драматична интервенција.

Околу 80 пожарникари со 20 возила го ставија пожарот под контрола. Со брза реакција спречија огнот да се прошири кон велосипедската патека и Олимпискиот музеј. Нема повредени, а причината за пожарот не е позната.






Во 2017 година имало два слични пожари на истиот покрив, кога како причина бил посочен дефект поврзан со хартиени фенери.

Објектот денес се користи за тренинг. Таму тренираат репрезентативци во велосипедизам и кревање тегови.

 

 

Поврзани содржини