ПЕЗЕШКИЈАН СЕ ЗАКАНИ ПО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ЛИБАН „Нашите прсти остануваат на чкрапалото“

Иран испрати директна закана по израелските напади во Либан во кои загинаа повеќе од 200 лица. Примирјето со САД е под сериозен ризик да се распадне.

526

Нашите прсти остануваат на чкрапалото, изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан заканувајќи се со напад по нападите на Израел врз Либан во кои загинаа повеќе од 200 лица, додека повеќе од 1.000 се повредени.

– Иран никогаш нема да ги напушти своите либански браќа и сестри – додаде тој.






Пезешкијан ги оцени нападите како очигледно кршење на првичниот договор за примирје, додавајќи дека продолжувањето ќе ги направи преговорите бесмислени.

Иран се закани со „силен одговор“. Израел, пак, инсистира дека конфликтот со паравојската Хезболах во Либан не е дел од примирјето. Договорот за двонеделен прекин на огнот беше објавен од Доналд Трамп и посредуван од Пакистан.

Новите напади го ставаат договорот под сериозен притисок. Расте стравот дека кревкото примирје може брзо да пропадне, особено по отворањето на Ормускиот Теснец.

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад-Багер Галибаф, испрати дополнителна закана.

„Прекршувањето на примирјето носи јасни последици и СИЛНИ одговори“, напиша тој на Икс.

Тој нагласи дека Либан е дел од договорот и дека нема простор за повлекување.

Мировните разговори меѓу Иран и САД треба да започнат в петок во Исламабад. Во меѓувреме, израелската армија повторно повика на евакуација во јужен Бејрут, предупредувајќи за нови напади врз Хезболах.

Поврзани содржини