ТОКСИКОЛОШКИТЕ АНАЛИЗИ МОЖЕ ДА ОДАТ САМО КАЈ ОБВИНИТЕЛСТВОТО И КАЈ СУДОТ Родителите на починатите деца од пожарот во Кочани не ги добија резултатите

Не добивме информации за резултатите, туку само потврда дека се направени токсиколошки анализи - рече Александар Наунов, татко на трагично загинатата Надица.

462

Дел од родителите на загинатите деца во пожарот во Кочани утрово пристигнаа пред Судска медицина, во обид да добијат одговори за обдукциските наоди, но наместо конкретни информации добиле само потврда дека се направени токсиколошки анализи, без да им бидат соопштени резултатите.

Александар Наунов, татко на загинатата Надица во трагедијата „Пулс“, на последниот протест обвини дека институциите повеќе од една година не даваат одговори за причините за смртта на жртвите, и покрај бројните барања и официјални дописи.






– Дојдовме, ни објаснија дека сѐ е дадено во Обвинителство, дека се направени сите токсиколошки анализи и дека ќе чекаме на вештачењето дадено во суд, да се изјаснат. Денеска нѐ прими директорот Александар Станков, не може тој да каже, мора да се изјаснат на суд. Не добивме информации за резултатите, туку само потврда дека се направени токсиколошки анализи – рече Александар Наунов.

Тој посочува дека и претходно им било укажано дека објавување на информации би можело да влијае врз судската постапка.

Наунов потсетува на болниот процес по трагедијата, кога телата на загинатите биле однесени на обдукција во Скопје, со уверување дека ќе се утврди вистинската причина за смртта.

– Чекавме четири дена. Четири дена, во кои не можевме достоинствено да се простиме од нив. За што? За денес, повеќе од една година подоцна, сè уште да немаме целосен одгово – наведува тој.

Поврзани содржини