РЕГИОНАЛНАТА КОШАРКА ЗАГУБИ ЛЕГЕНДА Почина славниот српски тренер Душко Вујошевиќ

Прославениот тренер, кој остави длабока трага во регионалната кошарка, почина по влошување на здравствената состојба.

91

На 67-годишна возраст денес во Белград почина познатиот кошаркарски тренер Душко Вујошевиќ.

Вујошевиќ подолг период имаше здравствени проблеми, а минатата година беше подложен на трансплантација на бубрег во Белорусија. Пред еден месец неговата здравствена состојба се влошила, по што бил хоспитализиран во Белград.






Во тренерската кариера, Вујошевиќ најголеми успеси постигна со Партизан, со кој освои бројни трофеи и остави длабока трага во регионалната кошарка.

Во текот на кариерата работеше и како тренер на ОКК Белград, Младост Земун, Црвена звезда, Бреша, Пистоја, Пезаро, Раднички Белград, ЦСКА Москва, Лимож и Клуж.

Тој беше и селектор на репрезентациите на Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Поврзани содржини