ОТКУПЕНИ 100.000 ЈАГНИЊА Исплатени над милијарда денари субвенции за грло овца за 2025 година

Цената по која што моментално се откупува јагнето е околу 280 денари, која што е многу повисока од минатата година.

48

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска во Прилеп ќе одржи работен состанок со Сојузот на одгледувачи на овци и со претставници на здруженијата, на кој ќе разговараат за актуелните состојби во делот на овчарството и откупот на јагнето.

– Досега се откупени и заклани некаде околу 100.000 јагниња. Цената по која што моментално се откупува јагнето е околу 280 денари, која што е многу повисока од минатата година. Во наредниот период ќе продолжи откупот на јагнето – рече министерот.






Тој посочи дека денеска со здруженијата ќе разговара за идните активности на оваа сточарска гранка.

– Согласно ветувањата дадени пред одгледувачите на овци, ги исплативме субвенциите за грло овца кои што се за 2025 година, речиси над милијарда денари. Со ова практично ја затвораме исплатата кон оваа сточарска гранка – истакна тој.

Министерот Трипуновски нагласи дека се посветува сериозно внимание за да се раздвижи сточарството во земјата.

Поврзани содржини