📽️ СОБОРЕНИОТ ПИЛОТ ЈАДЕЛ ИНСЕКТИ И 36 ЧАСА СЕ КРИЕЛ ВО ИРАН Елитна воена обука му го спасила животот

Собрен американски пилот преживеал во планински терен во Иран, избегнувајќи потрага благодарение на елитната „SERE“ обука.

525

Американски воен пилот преживеал дури 36 часа зад непријателски линии во Иран, избегнувајќи заробување и покрај тоа што бил тешко повреден, благодарение на специјализираната „SERE“ обука, пишува „The Wall Street Journal“.

Станува збор за елитна програма за обука на американските воздухопловни сили, чиј назив доаѓа од англиските зборови „survival, evasion, resistance and escape“ – односно преживување, избегнување, отпор и бегство. Оваа обука е клучна за пилоти и за специјални единици кои може да се најдат сами на непријателска територија.






Според поранешниот генерал на американските воздухопловни сили Давид А. Дептула, ваквата подготовка има за цел да ги научи пилотите како да преживеат, да избегнат заробување и да ги зголемат шансите за спасување.

Пилотот од ловецот „F-15“, кој бил соборен во Иран, успеал да преживее во планински и непристапен терен, додека локалните сили активно го барале. Неговото евентуално заробување би претставувало сериозен пропаганден и политички адут за Техеран.

Обуката „SERE“ се темели на четири клучни столба.

Првиот е преживување, каде пилотите учат како да ги санираат сопствените повреди, да најдат засолниште и да обезбедат вода и храна, дури и во екстремни услови. Дел од тренингот вклучува консумирање инсекти, градење импровизирани засолништа и палење оган без алат.

Вториот столб е избегнување, односно способноста да не бидат откриени. Пилотите учат да се движат ноќе, да користат терен за прикривање и да воспостават контакт со спасувачките тимови без да ја откријат својата позиција.

Третиот сегмент е отпор, однесување во случај на заробување. Овој дел од обуката е строго доверлив, но познато е дека се темели на правила утврдени уште за време на Корејската војна, кога бил воспоставен кодекс за однесување на заробени војници.

Последниот столб е бегство, користење на достапна опрема и тактики за безбедно враќање на своја територија.

Воените експерти нагласуваат дека токму ваквата обука прави разлика меѓу живот и смрт, но и меѓу слобода и заробеништво, особено во ситуации кога пилотите се изолирани и изложени на постојана закана.

Поврзани содржини