„ОВА Е КРЕВКО ПРИМИРЈЕ, ТРАМП Е НЕТРПЕЛИВ, СО НЕГО НЕМА ПОИГРУВАЊЕ“ Венс за постигнатиот договор со Иран

Тој ни рече да дојдеме на преговарачка маса. Но, ако Иранците не го сторат истото, ќе видат дека американскиот претседател не е некој со кого треба да се поигрува. Тој е нетрпелив. Тој е нетрпелив да постигне напредок - рече Венс.

170

Потпретседателот на САД Џ.Д. Венс, кој учествуваше во последните часови од преговорите што доведоа до прекин на огнот со Иран, рече дека тоа е „кревко примирје“ кое открило многу за функционирањето на иранскиот систем.

Зборувајќи во Будимпешта, Венс рече дека реакциите од Иран биле различни, во  зависност од тоа од кој дел од владата доаѓаат. Тој изјави дека министерот за надворешни работи (Абас Арагчи) реагирал позитивно на планот, додека други, како што тврди, лажеле за ефектите од американските воени дејствија како и за самата рамка за прекин на огнот






– Затоа велам дека ова е кревко примирје. Имате луѓе кои јасно сакаат да седнат на преговарачка маса и да работат со нас на добар договор, а потоа ги имате оние кои лажат дури и за кревкото примирје што веќе го постигнавме – рече тој.

– Ако Иранците се подготвени да соработуваат со нас со добра намера, мислам дека можеме да постигнеме договор. Ако лажат, измамат и се обидат да спречат дури и ова кревко примирје што го воспоставивме да се спроведе, тоа нема да оди добро – предупреди тој.

Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп побарал од својот тим засега да ја одложи употребата на одредени воени, дипломатски и економски алатки за притисок врз Иран. Но, тој нагласи дека тие опции остануваат на маса ако Иран не се вклучи конструктивно во преговорите за трајно завршување на војната.

– Тој ни рече да дојдеме на преговарачка маса. Но, ако Иранците не го сторат истото, ќе видат дека американскиот претседател не е некој со кого треба да се поигрува. Тој е нетрпелив. Тој е нетрпелив да постигне напредок – рече Венс.

Поврзани содржини