МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЛАНИ ПОТРОШИЛЕ 950 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ОНЛАЈН КУПУВАЊЕ Повеќе од половина од парите завршиле кај домашните е-трговци

Просечната вредност на направените онлајн трансакции во 2025 година изнесува речиси 33 евра и е еднаква како и во 2024 година.

53

Македонските граѓани лани 950 милиони евра за купување на интернет, што е раст од 36% во однос на 2024 година, покажуваат податоците од извештајот на Асоцијацијата за е-трговија.

Повеќе од половина од парите или 470 милиони евра завршиле во касите на македонските- е-трговци. Кај нив пазареле и странци кои потрошиле 52 милиони евра во македонски е-продавници. Оли вкупно 522 милиони евра.






Вкупно 428 милиони евра македонските граѓани, меѓутоа потрошиле кај странски е-трговци што е раст од 45% во однос на 2024 година.

Бројот на вкупните онлајн трансакции изнесува 28,9 милиони, односно е за 32% поголем  во однос на 2024 година. Најизразен пораст повторно се забележува кај домашните картички кон странски е-трговци, со раст од дури 61%, што укажува на зголемена фреквенција на онлајн купувања, најчесто со пониска поединечна вредност.

Бројот на трансакции кај домашните е-трговци исто така расте, но со поумерено темпо односно остварени се 15 милиони трансакции што претставува пораст од 14% во однос на истиот период минатата година, додека странските иматели на картички кон домашните е-трговци оствариле 2 милиона трансакции односно пораст од 39% во однос на минатата година.

Просечната вредност на направените онлајн трансакции во 2025 година изнесува речиси 33 евра и е еднаква како и во 2024 година.

Просечната вредност остварена за купување со македонски картички од странски е-трговци се намалила за 10% и изнесува 34 евра, додека кај имателите на домашни картички кон домашните е-трговци се зголемила за 6% и изнесува 32 евра, а странските иматели кон домашните е трговци исто така ја зголемиле вредноста за 1% и изнесува 31 евро.

-Податоците за 2025 година јасно потврдуваат дека е-трговијата во Северна Македонија продолжува да бележи силен и динамичен раст. Особено значаен е порастот од 32% во вкупната вредност на онлајн трансакциите, што укажува на зголемена доверба на граѓаните во дигиталните канали за купување, но и на постепена зрелост на пазарот – вели претседателката на Асоцијацијата за е-трговија. Нина Ангеловска Станков.

Во 2025 година, согласно подaтоците на Народната банка има вкупно 1.829 трговци со виртуелни места на продажба, но активни е-продажни места се 1.396 односно 84 повеќе во однос на минатата година.

Поврзани содржини