НЕМА ВОЕНО РЕШЕНИЕ ЗА СИТУАЦИЈАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Русија задоволна од постигнатото примирје

Пристапот со еднонасочни, агресивни и неиспровоцирани напади доживеа целосен пораз – рече Захарова од руското МНР.

103

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија од самиот почеток ја нагласувала потребата од политичко и дипломатско решавање на конфликтот на Блискиот Исток.

– Нашата земја од самиот почеток јасно порача дека е неопходно веднаш да се запре агресијата на САД и Израел против Иран, дека нема воено решение за оваа ситуација. Вистинско политичко и дипломатско решение што ќе донесе стабилност е единствено она што е втемелено врз преговори и реално разгледување на ставовите на сите страни – рече Захарова, додавајќи дека „пристапот кон еднонасочни, агресивни и неиспровоцирани напади доживеал целосен пораз“.






Пакистанскиот премиер, Шахбаз Шариф, претходно соопшти дека Иран и САД постигнале договор за прекин на огнот, што стапува на сила веднаш и ќе се почитува „во Либан и насекаде“. Шариф исто така ги повика иранската и американската делегација во Исламабад на продолжување на преговорите на 10 април.

Поврзани содржини