А ТРАМП ДА ГО ОДЛОЖИ РОКОТ ЗА 2 НЕДЕЛИ? Пакистан смирува додека Вашингтон и Техеран се движат по тенка линија

Премиерот на Пакистан редложи двонеделен прекин на огнот меѓу САД и Иран за да се отворат преговори. Портпатолката на Белата куќа вели дека шефот на САД е запознаен со предлогот и дека го разгледува. Во меѓувреме истекува рокот кон Иран да го прифати американскиот мировен предлог. Вашингтон и Техеран си упатија меѓусебни закани за напади.

1,337

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ги повика американскиот претседател Доналд Трамп и иранските власти да се согласат на двонеделен прекин на огнот за да се отвори патот за мировни преговори.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, за „Аксиос“ изјави дека претседателот бил запознаен со предлогот и дека наскоро се очекува одговор.
Претходно, во текот на денот Ливит истакна дека само Трамп знае што ќе направи доколку Иран не го испочитува рокот до 8 часот по американско време, односно 2 часот по полноќ по македонско да го прифати мировниот договор приготвен од САД.






Иницијативата на Шариф доаѓа помалку од пет часа пред рокот што го постави Трамп за договор со Иран, предупредувајќи дека во спротивно може да има голема воена акција насочена кон иранската инфраструктура. Трамп исто така изјава дека „една цивилизација ќе умре“ мислејќи на илјадалетната цивилизација на Персија и Иран. Одговорот на Иран беше дека заканите кон цивилзацијата се незнаење, дека ќе преовладее вербата на иранскиот народ.

Претставникот на Иран во Обединети нации, Амир-Сајед Иравани изјави дека Техеран „моментално ќе преземе пропорционални мерки“ ако американскиот претседател Доналд Трамп вечерва ги исполни своите закани за уништување на иранската цивилизација.

Белата куќа ги негираше информациите дека се разгледува употреба на нуклеарно оружје против Иран, јавува АФП. Од таму соопштија дека објавите на социјалните мрежи, во кои се тврди дека потпретседателот Џеј ди Венс сугерирал такво нешто, не се точни.

Пакистан одигра клучна улога како посредник меѓу САД и Иран во последните недели. Часовите истекуваат пред да истече ултиматумот. Според достапните информации, преговорите меѓу Вашингтон и Техеран постигнале одреден напредок во последните 24 часа, а пакистанскиот предлог би можел да им обезбеди на двете страни привремен излез од ескалацијата.

Поврзани содржини