СТАНА ТАТКО, A ПАК ВОДИ ВО НБА Легенди бараат Дончиќ да биде награден
Словенечкиот ас Дончиќ има 64 натпревари и води по поени во НБА, но правилото бара минимум 65 за индивидуални награди. Легендите бараат исклучок бидејќи дел од мечевите ги пропуштил поради раѓање на дете.
Словенечкиот кошаркарски ас Лука Дончиќ е на чекор да остане без индивидуални признанија поради еден натпревар помалку, но НБА легендите Трејси Мекгрејди и Кармело Ентони јавно застанаа зад него.
И покрај повредата што ја заврши сезоната, Дончиќ е најдобар стрелец во лигата и според нив – заслужува награда.
– Не беше во прашање повреда, не беше повреден, немаше одмор, едноставно стана татко и патуваше во друга држава – изјави Трејси Мекгрејди.
Тој додаде дека очекува НБА да постапи фер со Дончиќ.
– Сигурен сум дека НБА ќе постапи правилно – порача Мекгрејди.
Со него се согласи и Кармело Ентони. Тој истакна дека бројките на Дончиќ се доволни и дека правилото за минимум натпревари не треба да биде пречка.
Лука Дончиќ одигра 64 натпревари оваа сезона. Минимумот за награди е 65. Сепак, тој бележи 33,5 поени по натпревар. Со тоа е најдобар стрелец во НБА.
Словенечкиот ас ја заврши сезоната поради повреда и во моментов е на лекување во Шпанија. Неговиот тим размислува за жалба.
Причината е што дел од натпреварите ги пропуштил поради раѓање на дете.