ЗАКАНИТЕ КОН ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА СЕ НЕЗНАЕЊЕ Ќе надвладее праведноста, му одговори Иран на Трамп

Иранските власти ги отфрлија заканите на Трамп како „знак на незнаење“ и порачаа дека дијалогот е можен само со почит. ИстовременоТехеран најавува дека ќе ги искористи сите капацитети за заштита на своите интереси.

475

Портпаролката на владата на Иран, Фатемех Мохаџерани, по заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за уништување на иранската цивилизација, изјави дека тоа е „знак на незнаење“, кој нема да придонесе за можен дијалог.

– Зачувувањето на мирот и безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет, а заканите нема да ја вознемират јавноста. Вратата за дијалог се отвора со почит; патот на заканите, ситничавоста и понижувањето не е пат кон разговорите, наведе Мохаџерани.






Таа додаде дека „заканите кон цивилизацијата пред сè покажуваат незнаење за историјата на еден народ, кој многу пати надминал кризи и понатаму опстојува“.

На заканата на Трамп реагираше и портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи на платформата Икс.

„Моќта на културата, логиката и вербата во праведноста на ‘цивилизирана’ нација несомнено ќе преовладаат над логиката на бруталната сила. Нација која цврсто верува во исправноста на својот пат ќе ги искористи сите свои капацитети и можности за да ги заштити своите права и легитимни интереси“, наведе Багаи.

Додека првиот претседател на Иран, Мохамад Реза Ареф изјави дека иранската цивилизација илјадници години ги надживеа „заблудите“ на своите непријатели и оти нема да се уплаши од заканите на Трамп.

– Нашиот одговор на бруталноста на непријателот е цврсто да стоиме и да се потпираме на внатрешната сила на иранскиот народ – истакна Ареф.

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера се закани со „целосно уништување“ на иранската цивилна инфраструктура и му даде рок на иранското раководство за постигнување на договор до денеска до 20 часот по локално време (среда, два часот по полноќ по средноевропско време). Ултиматумот на Трамп содржи Техеран итно да ги запре сите воени активности и да ја деблокира на Ормуската Теснина.

Трамп денеска на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека, како што вели, светот вечерва ќе биде сведок на еден од најважните моменти во својата историја, кој би можел да значи крај на една цела цивилизација, но и потенцијален почеток на нова ера за Иран.

Поврзани содржини