ОПОЗИЦИЈАТА ПРАВИ ТЕАТАР НАМЕСТО ДА СЕ ГРИЖИ ЗА ЖЕНИТЕ ЖРТВИ НА НАСИЛСТВО Пешевска упати острa критикa до колешките

Наместо придонес, добивме блокада. Наместо решенија, добивме театар. Барањата што се пласираа на седницата не беа во функција на подобрување на стратегијата, туку во функција на личен ПР, изјави Пешевска на прес-конференција во Собранието.

103

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, денеска упати остри критики до колешките од опозицијата за нивното однесување на седницата на Комисијата за еднакви можности. Според неа, наместо суштинска дебата за заштита на жените од насилство, јавноста видела обид за евтин политички перформанс.

Пешевска обвини дека опозициските пратенички се појавуваат само кога има камери, а често отсуствуваат кога се носат клучни одлуки.






– Наместо придонес, добивме блокада. Наместо решенија, добивме театар. Барањата што се пласираа на седницата не беа во функција на подобрување на стратегијата, туку во функција на личен ПР – изјави Пешевска на прес-конференција во Собранието.

Таа потенцираше дека темата за заштита на жените не смее да биде алатка за дневна политика и дека институциите им должат заштита на сите жени, на секој јазик.

Поврзани содржини