ЗАТЕКНАЛ ПАТНИК БЕЗ БИЛЕТ, ПА ДОБИЛ ЌОТЕК Претепан контролор на ЈСП и тоа двапати

Контролор побарал билет од патник, по што бил извлечен од автобус и нападнат, а подоцна повторно претепан со уште две лица.

302

Контролор на јавниот превоз бил двапати нападнат за време на работа во Скопје, откако побарал билет од патник, информира полицијата.

Според пријавата, 42-годишниот контролор, вработен во Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, вчера околу 08:20 часот затекнал патник без билет. Наместо да го покаже, 61-годишниот О.А. почнал да му се заканува, го извлекол од автобусот и физички го нападнал.






Контролорот успеал да се извлече и да влезе во друг автобус, но инцидентот не завршил тука. На следната постојка, истиот човек повторно го нападнал, овојпат придружуван од уште две лица.

Нападот бил пријавен во полиција од каде велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини