НАТЕПАНИ МАЈКА, СИН, ЌЕРКА И ТЕТКА Караница со соседи заврши со тепачка во Студеничани

Членови на едно семејство тврдат дека биле нападнати од соседи во дворот на нивниот дом во скопско Студеничани.

140

Четири лица биле нападнати во семеен двор во скопското село Студеничани, откако настанала расправија со соседи, соопшти полицијата.

Според пријавата, инцидентот се случил на 5 април околу 15 часот, кога 19-годишниот Ќ.М. пријавил дека бил физички нападнат заедно со неговата 50-годишна мајка, 23-годишната сестра и 55-годишната тетка.






Како напаѓачи биле посочени нивни соседи, по што случајот бил пријавен во полиција.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот, а по целосното документирање ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини