ЌЕ СЕ ПРАВИ РЕПРОЦЕНКА НА ДАНОКОТ НА ИМОТ Ѓорѓиевски апелира да се плати данокот за да не се блокираат сметки

Првично, репроценката ќе почне во општините Карпош и Центар каде што е утврдено дека постојат најголеми разлики во наплатата на даноците, а потоа ќе продолжи и во останатите општини.

687

Во текот на минатата година се наплатени околу една милијарда денари по основ на даноци, при што дури 70 проценти од средствата се собрани во месеците по преземањето на новата градска администрација, рече денеска на седница на Советот на Градот, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Според него, тоа е показател дека фискалната дисциплина е значително подобрена.






Градоначалникот нагласи дека за постигнување на овие резултати биле преземени мерки согласно законот, вклучително и блокади на сметки на должниците.

Воедно, тој апелираше до граѓаните навремено да ги подмират своите обврски за 2022, 2023 и за 2024 година, со цел да се избегнат нови блокади и присилни наплати во иднина.

Градоначалникот информираше дека во соработка со UNDP започнува процес на репроценка на данокот на имот, кој ќе претставува обемна операција што ќе се спроведува во повеќе фази. Целта е зголемување на приходите на Градот, при што се очекува годишно зголемување од над 30 милиони евра по основ на даноци.

Во рамки на процесот ќе се врши вкрстување на податоци со Агенцијата за катастар и недвижности, со цел утврдување на реалната состојба. Првично, репроценката ќе почне во општините Карпош и Центар каде што е утврдено дека постојат најголеми разлики во наплатата на даноците, а потоа ќе продолжи и во останатите општини.

Поврзани содржини