ИНФЛАЦИЈАТА ВО МАРТ ИЗНЕСУВА 4,9% Цените на мало се зголемиле за 3,4%

Според овие податоци, инфлацијата во март се зголемила за 0,7% споредено со февруари, а цените на мало се зголемиле за 0,9%.

57

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2026 година, во однос на март 2025 година, бележи зголемување од 4,9%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,4%, објави државниот завод за статистика.

Според овие податоци, инфлацијата во март се зголемила за 0,7% споредено со февруари, а цените на мало се зголемиле за 0,9%.






На годишна основа најголемо зголемувањето на трошоците на живот е забележано кај групоте: храна и безалкохолни пијалаци за 7,5%, алкохол,тутун и наркотици за 8,8% и рекреација,спорт и култура за 6,1% и полиѓнинаа и опрема за домаќинство за 5,9%. Најниско зголемување на трошоците има кај транспортот.

Во однос на цените на мало најголемо зголемување на годишна основа има кај цените на индустриско-прехранбените производи од 6,9%, прехранбените производи од 6,8% кко и кај земјодлеските производи од 6,4%

За еден  месец февруати-март  зголемување на трошоците на животот е забележано кај транспорт за 3,4%, aлкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,2%, покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0,6%, рекреација, спорт и култура за 0,5, храна и безалкохолни пијалаци за 0,4%, Облека и обувки за 0,3%,…

Поврзани содржини