ИРАН РАКЕТИРАШЕ ВОЕН БРОД СО 2.500 МАРИНЦИ „Триполи“ се повлекол во јужниот дел на Индискиот Океан
Американската команда за Блискиот Исток сè уште не ги коментирала овие тврдења на Иранската револуционерна гарда.
Корпусот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека го нападнале американскиот воен брод „Триполи“ и го принудиле да се повлече.
Во соопштението на ИРЦГ, објавено од агенцијата Фарс, се наведува дека бродот бил нападнат со проектол, по што се повлекол во јужниот дел на Индискиот Океан.
Досега точното време и локација на наводниот напад не се објавени.
Американската команда за Блискиот Исток сè уште не ги коментирала овие тврдења.
Амфибискиот јуришен брод „Триполи“, способен да носи хеликоптери и борбени авиони, пристигна во регионот на 27 март. На бродот има околу 2.500 маринци и околу 1.000 луѓе помошен персонал.