ГАШИ ИНИЦИРА ФОРМИРАЊЕ СОВЕТОДАВНО ТЕЛО ОД ПОРАНЕШНИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СОБРАНИЕТО Не се користат доволно искуствата на поранешните функционери

Ние можеме да имаме идеолошки и партиски разлики, но кога сте вршеле таква битна функција, тоа е над тие разлики. Тоа искуство што сте го стекнале не можете да го чувате само за себе, туку треба да се пренесе и да се употреби, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши.

206

Претседателот на Собранието Африм Гаши утре ќе се сретне со досегашните претседатели на законодавниот дом.

Како што нагласи, неговата идеја за ваква средба била за да се искаже почит кон нив, но и тие да ги пренесат своите искуства.






– Веќе имавме една средба, помеѓу првиот и вториот изборен круг. Идејата беше моја, да најдеме начин како да го искористиме искуството на поранешните претседатели на Собранието. Мислам дека тоа е бесценето искуство, кое за секој актуелен претседател на Собранието би било добро да го искористи. Како идеја ја искажав на тој состанок и видов дека сите поранешни претседатели беа согласни. На првата средба не дојдоа само Талат Џафери и Јован Митрески. Присуствуваа четворица поранешни претседатели. Не е нешто задолжително. Тоа е по нивна волја. Сите се поканети на средба, а утре ќе видиме кој ќе дојде. Ќе разговараме како тоа би го формализирале, да биде советодавно тело – рече Гаши.

Идејата има две компоненти, додаде тој,  првата е да се искаже почитта кон нив, а втората е да се искористи нивното искуство.

– Ние и тој ден кога разговаравме, увидовме дека некои проблеми со кои тие се соочувале ги имаме и ние денеска – рече тој.

Гаши истакна дека слабо се користат искуствата на поранешните функционери, без разлика дали се претседатели на државата, премиери или пратеници. Неговата намера е овие средби да станат редовна пракса најмалку трипати во годината, но по потреба да може да се одржуваат и ад хок.

– Ние можеме да имаме идеолошки и партиски разлики, но кога сте вршеле таква битна функција, тогаш тоа е над идеологиите и политичките разлики. И тоа искуство што сте го стекнале не можете да го чувате само за себе. Тоа искуство треба да го пренесеме и да најдеме начин како да го употребиме – рече тој.

Поврзани содржини