НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА Бензинот останува речиси ист, ЕУРОДИЗЕЛ расте на 98 денари за литар

Регулаторната комисија за енергетика ја објави новата одлука за малопродажните цени на нафтените деривати – БС-95 малку поевтин, БС-98 непроменет, додека ЕУРОДИЗЕЛ и ЕЛ-1 поскапуваат.

255

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ја објави новата одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, која вклучува повластена стапка на ДДВ од 10% (освен за мазутот) и намалени акцизи за дизелските и бензинските фракции.

Со новата одлука, цените на горивата се зголемуваат во просек за 1,41% во однос на претходната одлука од 30.03.2026 година.






Според одлуката, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, па сега изнесува 83,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува непроменета и изнесува 85,50 ден/лит.

Дизаелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит и сега изнесува 98,00 ден/лит, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 3,00 ден/лит и сега чини 95,50 ден/лит.

Одлуката на РКЕ ќе важи од денеска, а новите цени ќе се применуваат во сите малопродажни објекти низ земјата.

Од Регулаторна информираат доколку не се продолжеше времетраењето на намаленото ДДВ и не се интервенираше во акцизата, цената на бензините ќе беше повисока за 8,50 ден/лит, а дизелот за 12,00 ден/лит во однос на денешната одлука

Па така цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесуваше 92,00 (денари/литар), ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чинеше 94,00 (денари/литар) ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе беше 110,00 (денари/литар), а пак Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продаваше за 107,00 (денари/литар).

Поврзани содржини