ЕУ ПОЧНУВА ПРЕГОВОРИ ЗА УКИНУВАЊЕ НА РОАМИНГОТ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН Ќе се телефонира „како дома“

ЕУ ќе склучи билатерален договор со секој партнер во Западен Балкан и од нeго се очекува да ги почитуваат стандардите на политиката за роаминг на ЕУ.

78

Генералниот секретаријат на Советот на Европската Унија за утре во Брисел закажа состанок на Работната група за проширување и земји што преговараат за пристапување во ЕУ, каде што ќе се дискутира за предлогот на Европска комисија за укинување на дополнителните трошоци за роаминг за Западен Балкан, односно проширување на режимот „Роаминг како дома“ (Roam Like at Home).

По успешното завршување на преговорите, граѓаните од земјите од Западен Балкан ќе можат да се јавуваат, да испраќаат СМС-пораки и да користат мобилни податоци во Европа по иста цена како дома, додека граѓаните на ЕУ ќе имаат исти бенефиции кога патуваат во Западен Балкан.






Предлогот не значи автоматско вклучување на Западен Балкан во програмата „Роаминг како дома“, туку ЕУ ќе склучи билатерален договор со секој партнер во Западен Балкан и дека од нив се очекува да ги почитуваат стандардите на политиката за роаминг на ЕУ.

Спогодбата, исто така, гарантира дека потрошувачите имаат право на ист квалитет и брзина на мобилни мрежи како дома и бесплатно да контактираат со службите за итни случаи.

Погодностите на мобилната комуникација во ЕУ во јули 2025 година беа проширени на Молдавија и Украина.

Програмата „Роаминг како дома“ ЕУ за своите земји-членки ја воведе во јуни 2017 година.

Поврзани содржини