ЗА ЖЕНСКИТЕ РАБОТИ dm го заокружи учеството на „Женска трка“ со донација од 150 пакети со менструални производи
Во соработка со МАГО, во рамки на „Женската трка“ во Градскиот парк, во dm катчето беше организирано бесплатно советување со гинеколози, со цел посетителките да добијат стручно мислење, корисни информации и поддршка за теми поврзани со женското здравје.
Под мотото „Трчам напред, за таа да не чекори назад“, 150 жени од dm drogerie markt и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО учествуваа на годинашната „Женска трка“ во Градскиот парк во Скопје, а во рамки на иницијативата се обезбедени и 150 пакети со dm менструални производи, кои преку МАГО ќе бидат дистрибуирани до жените на кои им се најпотребни.
Соработката меѓу dm и МАГО продолжува и по трката, преку бесплатна едукативна работилница на тема менструално здравје, која ќе се одржи на 30 април во Општина Шуто Оризари. На овој начин, иницијативата добива поширока општествена димензија и продолжува да отвора простор за едукација и информирање на жените во заедницата.
Поддршката за оваа порака беше видлива и на самата трка, преку транспаренти со охрабрувачки пораки, меѓу кои и „Само 100 м те делат од тоа да бидеш хероина за некоја друга жена!“, со кои беше испратена порака за солидарност, заедништво и меѓусебна поддршка.
Како дел од настанот, dm беше присутен со свое катче кај фонтаната во Градскиот парк, каде учесничките и посетителите имаа можност бесплатно да добијат совети за женското здравје од специјалисти гинеколози, да дегустираат dmBio безалкохолни коктели и да се освежат со производи за дополнителна поддршка пред и по трката.
Во соработка со МАГО, во dm катчето беше организирано бесплатно советување со гинеколози, со цел посетителките да добијат стручно мислење, корисни информации и поддршка за теми поврзани со женското здравје. Во советувањето учествуваа д-р Весна Блажевска Сиљаноска и д-р Огнен Богданоски, специјалисти по гинекологија и акушерство.
Покрај советувањето, dm катчето понуди и зона за краток одмор и освежување, со дегустација на dmBio безалкохолни коктели и содржини наменети за пријатна атмосфера во текот на настанот.
Посебно внимание им беше посветено и на учесничките на трката. Во рамки на SOS катчето, за тркачките беа обезбедени Mivolis магнезиум, Balea спреј за освежување на телото, Sundance производи за заштита од сонце и Jessa влошки, со цел поголема удобност, нега и чувство на свежина пред и по трката.
Со своето присуство на „Женска трка“ и соработката со МАГО, dm и овојпат го насочи вниманието кон теми поврзани со женското здравје, менструалната хигиена и потребата од достапна поддршка за жените во заедницата.