ОД 10 АПРИЛ ЦЕЛОСНО СЕ ИМПЛЕМЕНТИРА СИСТЕМОТ ВЛЕЗ-ИЗЛЕЗ ВО ЕУ Македонската гранична полиција е подготвена да обезбеди брз проток на патници

Со воведувањето на ЕЕС, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото „90 дена во период од 180 дена".

381

Министерството за внатрешни работи соопшти дека  од 10.04.2026 започнува со целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ.

– Со воведувањето на ЕЕС, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото „90 дена во период од 180 дена” со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило – појаснуваат од МВР.






Оттаму додаваат дека Граничната полиција на нашата држава ги презеде сите потребни мерки и активности, односно ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел обезбедување брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини.

– Граничната полиција ќе постапува со засилена ангажираност на терен, континуирано ќе ја следи состојбата, ќе презема соодветни мерки за одржување на проточноста на сообраќајот и ќе ги информира граѓаните за сите важни информации поврзани со примената на системот – велат од МВР.

Поврзани содржини