„СИНИТЕ ШЛЕМОВИ“ СЕ ЗАКАНИЈА ДЕКА ЌЕ ПОЧНАТ ДА ПУКААТ!? Се најдоа во вкрстен оган меѓу израелската армија и Хезболах

УНИФИЛ ги повика сите страни да го прекинат огнот и да преземат конкретни чекори кон деескалација на состојбата.

548

Мировната мисија на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) предупреди дека нејзините припадници би можеле да возвратат на продолжените оружените судири што се во тек меѓу израелските сили и движењето Хезболах во јужните делови на Либан.

Во соопштението се наведува дека постои сериозна загриженост во Мисијата поради нападите извршени од двете страни во непосредна близина на позициите на мировниците што, како што се истакнува, може да доведе до оружен одговор.






УНИФИЛ ги повика сите страни да го прекинат огнот и да преземат конкретни чекори кон деескалација на состојбата.

Мисијата на Обединетите нации е распоредена во Либан од 1978 година со цел одржување на мирот и стабилноста во регионот.

Поврзани содржини