ИМАТЕ УШТЕ 48 ЧАСА ДО ПЕКОЛОТ! Трамп повторно му се закани на Иран
Трамп во објавата на социјалната мрежа Трут соушл, потсетува на претходниот ултиматум што им го даде на иранските власти во врска со отворањето на Ормуската Теснина.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно испрати остра порака до Иран, заканувајќи се со сериозни последици доколку Техеран не се согласи на договор.
Трамп во објавата на социјалната мрежа Трут соушл, потсетува на претходниот ултиматум што им го даде на иранските власти во врска со отворањето на Ормуската Теснина.
– Се сеќавате дека му дадов на Иран десет дена да склучи договор или да ја отвори Ормуската Теснина. Времето истекува – уште 48 часа пред целиот пекол да се урне врз нив. Слава му на Бога, напиша Трамп.
Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии во регионот, по затворањето на Ормуската Теснина и ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и САД и Израел.
Соединетите Американски Држави и Израел почнаа да напаѓаат цели во Иран на 28 февруари.
Техеран одговори со одмазднички напади врз Израел и американски воени објекти на Блискиот Исток, а потоа и со затворање на Ормсуката Теснина, клучен воден пат преку кој се одвива транспортот на четвртина од енергенсите во светот.
