КОИ СЕ УСЛОВИТЕ НА ИРАН ЗА ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА ВОЈНАТА? Преку руски канали за прв пат „протекоа“ позициите на Иран

Во комуникација со иранските власти е шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, откако рускиот претседател Владимир Путин најави засилена дипломатска иницијатива на Русија.

1,089

Иран постави низа услови за завршување на конфликтот со САД и Израел, меѓу кои најважен е признавање на правото на цивилна употреба на нуклеарна енергија, изјави дипломатски извор од Исламската Република за руската државна агенција РИА Новости.

Според изворите на руската државна агенција, условите на иранските власти вклучуваат:






– Целосен прекин на воените операции, итно запирање на нападите од сите страни, како предуслов за било какви понатамошни разговори.

– Повлекување на странските сили – Еден од главните услови е повлекување на странските воени сили од чувствителните подрачја, што според Иран е клучно за стабилизација. Иран наведува дека бара траен мир, а не само примирје.

– Јасна осуда на агресијата и плаќање репарации за нанесената штета за иранската инфраструктура и стопанство.

– Гаранции за безбедност – Техеран инсистира на меѓународни гаранции дека нема да има нови напади врз неговата територија или интереси во регионот.

– Укинување на санкциите – Иран нагласува дека економските санкции, особено оние поврзани со енергетиката, мора да бидат целосно укинати како дел од мировниот процес.

– Почитување на правото на контрола на Ормуз – Иран ќе инсистира неговата позиција како важен фактор на Блискиот Исток да биде прифатена во идните договори, особено правото на контрола на теснецот Ормуз, заедно со Оман.

– Почитување на правото на Иран за мирољубива употреба на нуклеарна енергија.

Овие барања доаѓаат во време на зголемени тензии и дипломатски напори за деескалација.

Останува нејасно дали постојат директни разговори меѓу Техеран и Вашингтон. Иако Доналд Трамп неколку пати изјави дека дијалогот е започнат, иранските власти го негираат тоа, посочувајќи дека комуникацијата се одвива исклучиво преку посредници. Засега е познато дека во комуникација со иранските власти е шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, откако рускиот претседател Владимир Путин најави засилена дипломатска иницијатива на Русија за посредување во конфликтот. Дипломатски разговори за можен компромис се водат и во рамки на Обединети нации.

Паралелно со дипломатските напори, САД продолжуваат да го зголемуваат военото присуство на Блискиот Исток. Американскиот претседател Трамп најави можност за нови силни напади во наредните недели, додека министерот за одбрана Пит Хегсет не ја исклучи опцијата за копнена операција.

Во меѓувреме, нападите на Блискиот Исток продолжуваат. Израел, Иран, Јемен, Катар и Кувајт пресретнаа дронови. Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати пријавија ракети и беспилотни летала насочени кон нивниот воздушен простор.

Поврзани содржини