АРМ ЌЕ СЕ ОПРЕМИ СО АМЕРИКАНСКИ ПУШКИ М4 Оваа пушка е симбол на модерното пешадиско вооружување на западните земји

Развиена во 80-тите години, а официјално воведена во употреба во средината на 90-тите, М4 првично била наменета за специјални единици и екипажи на оклопни возила.

482

Министерството за одбрана на САД соопшти дека му доделило на локалниот производител на оружје „Колтс мануфактуринг“ договор со максимална вредност од 40,86 милиони долари (35,4 милиони евра) за производство на карабини М4/М4А1 за странски партнери, вклучувајќи ја и Македонија.

„Договорот со фиксна цена, на база „неопределена испорака/неопределена количина“ ќе ја поддржи продажбата на странска воена опрема во Македонија, Босна и Херцеговина, Ирак и Тунис“, соопшти Министерството.






Договорот истекува на 31 март 2031 година.

Пушката M4 карабин е симбол на модерното пешадиско вооружување на Западот. Станува збор за компактна автоматска пушка калибар 5,56 милиметри, која со години е стандард во американската армија и во бројни сојузнички сили. Нејзиниот дизајн директно произлегува од легендарната M16-рајфл, но е прилагоден за потребите на современото бојно поле – побрза реакција, поголема подвижност и подобра контрола во динамични ситуации.

Развиена во 80-тите години, а официјално воведена во употреба во средината на 90-тите, М4 првично била наменета за специјални единици и екипажи на оклопни возила. Но, токму нејзината практичност – пократка цевка и прилагодлив кундак – довела до тоа брзо да стане прв избор и за класичната пешадија. Денес, во многу армии, таа практично ја има заменето М16 како основно лично оружје на војникот.

Она што ја издвојува М4 е нејзината модуларност. Пушката може лесно да се „надгради“ со оптички нишани, ноќна опрема, ласери или додатоци за различни борбени сценарија. Тоа значи дека истото оружје може да се користи и во урбани операции, и во ноќни мисии, и во класични теренски услови – нешто што современите армии го сметаат за клучна предност.

Во техничка смисла, М4 е оружје со висока стапка на оган и солидна прецизност на средни дистанци. Стандардно користи рамки со 30 куршуми, а нејзиниот ефективен дострел е околу половина километар. Комбинацијата од релативно мала тежина, контролиран одскок при пукање и брзо ракување ја прави особено погодна за брзи и непредвидливи ситуации на терен.

Токму затоа, М4 денес е дел од арсеналот на десетици држави и учесник во речиси сите современи конфликти. За многу армии, нејзиното воведување значи чекор кон стандардите на НАТО и модернизација на пешадиското вооружување.

Поврзани содржини