СДСМ ДА НЕ ЕТИКЕТИРА И ДА НЕ ДИКРЕДИТИРА Агенцијата за медиуми реагира на нападите врз Инфомакс
Таквите практики ја поткопуваат довербата во јавниот дискурс и можат негативно да влијаат врз слободата на медиумите и врз демократските процеси.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во врска со објавата на политичката партија СДСМ поврзана со уредувачката политика на интернет порталот „Инфомакс“, потсетува дека јавната комуникација треба да биде конструктивна и професионална.
Политичките партии треба да се воздржат од етикетирање и дискредитирање на новинарите и медиумите, бидејќи таквите практики ја поткопуваат довербата во јавниот дискурс и можат негативно да влијаат врз слободата на медиумите и демократските процеси.
Истовремено, медиумите и новинарите имаат обврска да известуваат професионално, објективно и непристрасно, придржувајќи се кон новинарските стандарди и етичките принципи, со цел обезбедување точни и навремени информации од јавен интерес.
СДСМ ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ПРЕСМЕТУВА СО МЕДИУМИ На ред дојде и Инфомакс