ИМАТЕ 250 ГОДИНИ ИСТОРИЈА, А СЕ ЗАКАНУВАТЕ Џабе гаѓате, не знаете каде е оружјето, му порача Иран на Трамп

Иран остро одговори на заканите на Трамп за „камено доба“ и порача дека целите кои ги гаѓаaт САД се незначителни. Портпаролот на иранската армија ги нарече изјавите на Трамп луди.

1,717

Иран остро возврати на заканите од американскиот претседател Доналд Трамп дека земјата ќе биде „вратена во камено доба“. Во Техеран порачаа дека нивната цивилизација трае илјадници години и дека нема да биде скршена со воени закани.

Командантот Маџид Мусави директно ја нападна реториката на САД и ја нарече „холивудска илузија“, додавајќи дека Америка ги испраќа своите војници во смрт, а не ја загрозува Иранската држава.






„Се заканувате на цивилизација стара 6 милениуми“

– Со само 250 години историја, вие се заканувате на цивилизација што постои повеќе од шест милениуми – порача Мусави.

Тој нагласи дека Иран е подготвен да ја брани својата држава и дека ваквите закани нема да останат без одговор.

„Луди изјави“

Портпаролот на претседателот Масуд Пезешкијан оцени дека изјавите на Трамп се „луди“.

– Трамп се вмеша во луди изјави – рече Елиас Хазрати.

Во Техеран тврдат дека ваквата реторика само го зајакнува единството во земјата.

„Не знаете каде произведуваме оружје“

Портпаролот на иранската Револуционерна гарда испрати директна порака:

– Центрите за кои мислите дека сте ги таргетирале се незначителни, а нашето стратешко воено производство се одвива на локации за кои немате знаење и никогаш нема да стигнете – рече Ебрахим Золфагари.

Дополнително, иранските власти тврдат дека земјата има целосна контрола врз Ормускиот теснец и дека е подготвена за секое сценарио.

Трамп со закани за „камено доба“

Трамп претходно во своето обраќање во рече дека војната ќе продолжи сè додека на биде отворен Ормускиот Теснец. Притоа тој најави дека во следните 2 до 3 недели САД „силно ќе го удрат Иран“ и дека операцијата треба да биде брза.

– Ќе ги вратиме во камено доба, каде што им е местото – порача американскиот претседател.

Поврзани содржини