САД ЌЕ ПОДНЕСАТ УШТЕ ОБВИНЕНИЈА ПРОТИВ МАДУРО Соборениот претседател на Венецела на суд ќе бара правична одбрана
Мадуро, кој беше уапсен за време на рација на американските сили во Венецуела во јануари, моментално во Њујорк се соочува со обвиненија за наркотероризам и за кривични дела поврзани со трговија со дрога.
Соединетите Американски Држави ќе поднесат дополнителни обвиненија против соборениот лидер на Венецуела, Николас Мадуро, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.
Мадуро, кој беше уапсен за време на рација на американските сили во Венецуела во јануари, моментално во Њујорк се соочува со обвиненија за наркотероризам и за кривични дела поврзани со трговија со дрога.
Соборениот претседател на Венецуела денеска пред сојузниот суд во Њујорк ќе се обиде да издејствува отфрлање на обвиненијата за наркотероризам, со тврдење дека американските власти му оневозможуваат правична одбрана, јавија американските медиуми.
Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се изјаснија за невини и се наоѓаат во сојузен притвор во Бруклин, во посебно обезбеден оддел кој се опишува како „затвор во затвор“, наменет за најризичните притвореници, наведуваат полициски извори.
Тој е задржан под таканаречени посебни административни мерки, кои служат за ограничување на контактите на затвореникот со надворешниот свет во случаи кога властите ќе проценат дека неговите комуникации би можеле да претставуваат опасност.