ЗАТОЛУВАЊЕ, ПА ЗАЛАДУВАЊЕ Циклон ќе донесе обилен дожд и грмотевици за викендот

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

117

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.






Најстудено ќе биде во Берово и во Маврово, каде утринската температура ќе се спушти до минус 1 степен. Најтопло  ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 16степени Целзиусови.

Фото: УХМР

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен ветер од северен правец. температурата ќе се движи од 5 наутро, до 13 степени преку денот.

Во среда и во четврток ќе преовладува стабилно и суво време. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Од четврток ноќта до крајот на викендот под влијание на циклонска активност, следува период на нестабилно време со локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи.

На планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Во четврток и петок претпладне ќе дува засилен ветер претежно од јужен правец.

 

Фото: УХМР
Поврзани содржини