НЕМА ГАРАНЦИЈА ДЕКА БУГАРИЈА НЕМА ПОВТОРНО ДА БЛОКИРА Италијанскиот амбасадор вели дека е потребна нова „клима“ меѓу Скопје и Софија
Најдобра гаранција би била поинаква клима на доверба меѓу Северна Македонија и нејзиниот сосед, вели италијанскиот амбасадор во интервју за ТВ24.
Нема правна или политичка гаранција што може да ѝ се даде на македонската влада дека нема да има нови блокади од Софија, вели во интервју за ТВ24 италијанскиот амбасадор во земјава, Паоло Палминтери.
– Најдобра гаранција би била поинаква клима на доверба меѓу Северна Македонија и нејзиниот сосед – вели амбасадорот.
Зборувајќи за иксуството на Италија, амбасадорот смета дека уставните измени и Копенхашките критериуми и понатаму ќе бидат важен сегмент од пристапниот процес, но вели, откако сите влегуваат во истото семејство, политичките прашања кои изгледаат важни, понатаму ја губат релевантноста.