ЗА 9,4% Е НАМАЛЕН ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА Најкритично во металната и автомобилската индустрија

Прометот во индустријата на домашниот пазар  е намален за 6%, а на странските пазари за 10,6 %.

163

Прометот во индустријата, на годишно ниво е намален за 9,4% во јануари. На месечна основа  намалувањето е за 13,9% – соопшти Државниот завод за статистика.

Во истиот период прометот во индустријата на домашниот пазар  е намален за 6%, а на странските пазари за 10,6 %.






Во јануари годинава во однос на јануари лани опаѓање на прометот во индустријата, според главните индустриски групи, има кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 13,5%, „капитални производи“ за 9,5%, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 6,4% и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 5,4%.

Најголемо влијание врз намалувањето на вкупниот промет во индустријата во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, имаат одделите:„производство на метали“ со 24,4%, „производство на моторни возила, приколки и полуприколки“ со 23,3% и „производство на прехранбени производи“ со 5,6%.

1. Индекси на прометот во индустријата, вкупно јануари 2026 година, (2021 = 100)
I 2026
XII 2025
I 2026
I 2025
I 2026
Ø 2021
Вкупно 86.1 90.6 100.7
АИ Интермедијарни производи, освен енергија 78.0 86.5 77.2
ББ Капитални производи 100.8 90.5 115.6
ЦД Трајни производи за широка потрошувачка 90.8 93.6 109.1
ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка 74.7 94.6 107.8
Б Рударство и вадење на камен 74.1 82.3 86.1
      07 Вадење на руди на метал 87.0 82.0 103.7
      08 Вадење на други руди и камен 42.4 84.1 46.3
В Преработувачка индустрија 86.6 90.9 101.3
      10 Производство на прехранбени производи 72.5 94.4 111.0
      11 Производство на пијалаци 56.2 98.5 102.1
      12 Производство на тутунски производи 55.9 86.4 55.3
      13 Производство на текстил 121.0 90.1 146.5
      14 Производство на облека 79.5 86.4 88.6
      15 Производство на кожа и слични производи
од кожа
66.2 102.5 66.5
      16 Преработка на дрво и производи од дрво и
плута, освен мебел, производство на предмети
од слама и плетарски материјал
65.0 97.2 55.7
      17 Производство на хартија и
производи од хартија
64.9 84.2 87.0
      18 Печатење и продукција на
снимени медиуми (записи)
65.3 82.1 93.7
      20 Производство на хемикалии
и хемиски производи
80.5 99.0 97.2
      21 Производство на основни фармацевтски
производи и фармацевтски препарати
97.3 108.6 140.0
      22 Производство на производи од гума и
производи од пластични маси
78.3 87.3 89.4
      23 Производство на други неметални
минерални производи
48.5 90.8 52.1
      24 Производство на метали 104.9 75.6 44.3
      25 Производство на фабрикувани метални
производи, освен машини и опрема
61.4 93.3 70.6
      26 Производство на компјутерски,
електронски и оптички производи
69.9 96.6 87.8
      27 Производство на електрична опрема 81.4 92.6 134.6
      28 Производство на машини и уреди,
неспомeнати на друго место
127.5 101.6 97.7
      29 Производство на моторни возила,
приколки и полуприколки
80.3 76.7 183.4
      30 Производство на останата опрема
за транспорт
68.1 98.6 139.7
      31 Производство на мебел 75.3 93.6 100.0
      32 Останата производствена индустрија 53.7 109.9 84.0
      33 Поправка и инсталирање на машини
и опрема
Поврзани содржини